Бразилската манекенка Бјанкарди објави дека се разделила со Нејмар, нивната ќерка се роди во октомври
- Бразилската манекенка Бруна Бјанкарди раскина со Нејмар.
![Бразилската манекенка Бјанкарди објави дека се разделила со Нејмар, нивната ќерка се роди во октомври](https://new.mia.mk/images/20231129114641_big_730x400_44.webp )
Рио де Жанеиро, 29 ноември 2023 (МИА) – Бразилската манекенка Бруна Бјанкарди раскина со Нејмар.
- Ова е лична работа, но бидејќи секојдневно се соочувам со вести, шпекулации и шеги, ве известувам дека не сум во врска. Ние сме родители на Меви и ова е причината за нашата поврзаност. Се надевам дека ќе престанете да се однесувате вака со мене. Ви благодарам, напиша девојката во својот профил на Инстаграм.
Да потсетиме, Нејмар и Бјанкарди во октомври добија ќерка. зс/
Фото: Фејсбук