• петок, 27 декември 2024

Бориславова: Се надевам дека ќе се најдат 12 пратеници во Народното собрание на Бугарија, кои ќе ја поддржат малцинската влада

Бориславова: Се надевам дека ќе се најдат 12 пратеници во Народното собрание на Бугарија, кои ќе ја поддржат малцинската влада
Софија, 8 јуни 2022 (МИА) - Шефот на кабинетот на бугарскиот премиер Лена Бориславова изјави за НОВА по изјавата на лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов дека партијата ја напушта владејачката коалиција, сметајќи дека во Народното собрание може да се најдат 12 политички пратеници за поддршка на владата  на Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бориславова истакна дека од Слави Трифонов не слушнала вистински причини зошто нивните министри биле повлечени од Владата при гласањето на буџетот, а додаде дека не слушнала разумни аргументи. Она што го слушнала од министерот за регионален развој Гроздан Караџов и Тошко Јорданов од пратеничката група на ИТН беа „пари, пари, пари. Сакаме пари. нк/

Остани поврзан