• сабота, 21 декември 2024

Борел: Орбан не ја претставува ЕУ за време на неговата посета на Грузија

Борел: Орбан не ја претставува ЕУ за време на неговата посета на Грузија

Брисел, 28 октомври 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан „не ја претставува“ Европската унија за време на денешната посета на Грузија.

„Што и да каже господинот Орбан за време на неговата посета на Грузија, тој не ја претставува Европската унија. Ротирачкиот претседател на Унијата нема овластувања во надворешната политика“, изјави Борел за шпанското јавно радио РНЕ.

И портпаролката на Европската комисија Набила Масрали на прес-конференција во Брисел изјави дека посетата на Орбан на Грузија се одвива само во контекст на билатералните односи меѓу Унгарија и Грузија. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан