• недела, 22 декември 2024

Борел: Нападот во Виена е кукавички чин на насилство и омраза

Борел: Нападот во Виена е кукавички чин на насилство и омраза
Брисел, 2 ноември 2020 (МИА) - Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел вели дека е шокиран и погоден од веста за вечерашниот напад во Виена и им порача на своите граѓани на Виена дека Европската унија е покрај нив. „Ова е кукавички чин на насилство и омраза“, напиша Бореj на Твитер. Тој изрази сочувство до жртвите во нападот, нивните семејства и сите граѓани на Виена. За време на вечерашниот напад во центарот на Виена загинаа еден минувач и еден напаѓач, а повеќе лица се повредени, потврди полицијата. Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека вечерва во центарот на Виена се случи терористички напад и дека најверојатно има мртви и поголем број ранети.паг/  

Остани поврзан