• понеделник, 23 декември 2024

Богданци доби ѕиден мурал за Меѓународниот ден на растението

Богданци доби ѕиден мурал за Меѓународниот ден на растението
Гевгелија, 17 мај 2021(МИА) - На еден од ѕидовите во градскиот парк, Богданци по повод денешниот Меѓународен ден на растението, доби ѕиден мурал што го изработија уметниците Ана Дамчевска Семенпеева и Виктор Семенпеев, во рамки на проектот за зачувување на ендемичните растенија во нашата земја. - По повод денот на растението, муралот е изработен како дел од активностите за промовирање на Богданци како значајно подрачје за диворастечки растенија и единствено место во земјава каде што вирее растението Меурест козинец (Astragalus phusocalux), велат уметниците. Реткото растението се наоѓа на националната црвената листа со статус загрозен вид, посочија од општината, и редовно се набљудува изминативе четири години, со цел да се дознае повеќе за неговата екологија, биологија, бројност и стабилност на неговата популација. Редовниот мониторинг го врши здружението ПОЛИМАТ 13 во соработка со Македонското еколошко друштво. им/ар/

Остани поврзан