• недела, 22 декември 2024

Блинкен разговараше со Кулеба за економското закрепнување на Украина

Блинкен разговараше со Кулеба за економското закрепнување на Украина

Лондон, 20 јуни 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја нагласи американската поддршка за економското закрепнување на Украина и важноста од континуирана тесна соработка преку мултиагенциска платформа за координација на донатори.

„САД се посветени на соработка со приватниот сектор со цел да се модернизира и ревитализира Украина“, рече Блинкен за време на состанокот во Лондон со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на маргините на конференцијата за обнова на Украина.

Според Стејт департментот, тие разговарале за потребата Украина да продолжи со спроведувањето на реформите насочени кон воспоставување средина за инвестиции и одржлив економски раст. зш/.

Остани поврзан