• среда, 09 октомври 2024

Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Северна Македонија на европскиот пат

Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Северна Македонија на европскиот пат

Скопје, 8 септември 2024 (МИА) – Честитка по повод Денот на независноста 8 Септември упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

-Американскиот народ и народот на Северна Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Северна Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, се вели во честитката од Блинкен. 

Во име на Соединетите Американски Држави, Блинкен упатува честитка по повод 33 години од независноста и историскиот избор на прва жена претседател во мај. 

-Го цениме нашето силно партнерство со Северна Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница, стои во честитката од Блинкен. аа/

Фото: МИА

Остани поврзан