• петок, 22 ноември 2024

Близок соработник на Божков уапсен во Виена

Близок соработник на Божков уапсен во Виена
Виена, 1 февруари 2020 (МИА) - Бугарскиот бизнисмен Борис Бекијаров, по кого, исто така, се врши потрага заедно со Васил Божков, е приведен пред неколку часа на аеродромот во Виена. Тој моментно се наоѓа во просториите на австриската полиција. Се очекува бугарските власти да ги спроведат потребните процедура за да може Бекијаров да биде вратен во земјата, објави БГНЕС. Бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев синоќа изјави дека бугарскиот тајкун Васил Божков е уапсен на територијата на Обединетите Арапски Емирати, но официјална потврда од тамошните власти ќе добијат во текот на денешниот ден. - Информацијата е се уште неофицијална. Ако таа се потврди, а јас сум сигурен дека ќе се потврди... кога ќе добиеме официјален документ и информации од ОАЕ, истакна Гешев. Васил Божков е обвинет по седум точки, меѓу кои за шеф на организирана криминална група, за принуда, за изнудување, за обид за поткуп на службено лице, како и за поттикнување и сторено кривично дело. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан