• петок, 22 ноември 2024

Близнаковски му врачи благодарница на епископ антаниски Партениј за досегашната соработка

Близнаковски му врачи благодарница на епископ антаниски Партениј за досегашната соработка
Дебар, 11 март 2021 (МИА) - Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски денеска беше во посета на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознато како Бигорски мананстир, информираат од Бигорскиот манастир. Како што посочуваат во соопштение од манастирот, Близнаковски на епископот антаниски Партениј му врачил благодарница за неговиот несебичен ангажман во досегашната плодна соработка со Агенцијата. Оттаму додаваат дека поттикнат од бројните активности на владиката Пертениј за унапредување на дијаспората, првиот човек на Агенцијата посакал да ги сподели со него радоста и задоволството од досегашните постигнувања и да ги зацврсти темелите за понатамошна уште поголема соработка. - Во пријатен разговор со бигорскиот игумен, тој го искажа восхитот од големото дело што манастирот го прави со нашите луѓе во дијаспората. Ја понуди својата помош и поддршка за сите идни богоугодни проекти што го имаат за цел духовниот и културниот просперитет на нашиот народ, и овде во земјата и надвор од неа, посочуваат од Бигорскиот манастир. Од своја страна епископ антаниски Партениј срдечно се заблагодарил и ја нагласил определбата за продолжување на соработката. вт/бт/

Остани поврзан