Блатер: Инфантино сака да го претвори фудбалот во огромна машина за пари
- Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер го критикуваше неговиот наследник на чело на централата, Џани Инфантино.
Цирих, 2 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер го критикуваше неговиот наследник на чело на централата, Џани Инфантино.
- Се испостави дека Инфантино се обидувал да го расчисти патот до претседателската позиција.Тој сака да го претвори фудбалот во огромна машина за пари. Светскиот куп е проширен на 48 екипи, проектот „Гол“ е преименуван затоа што сака трипати повеќе пари. Инфантино е себичен и страда од манија за величина. Во својата ароганција, тој веќе не комуницира со претседателите на фудбалските федерации, туку само со шефовите на држави, изјави Блатер, цитиран од „Дејли Мејл“.