Битиќи: Повиците за онлајн игри на среќа ќе се организираат транспарентно, преку оглас
- Според Битиќи, може да аплицира секој што ги исполнува условите.
Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Повиците за онлајн игри на среќа ќе се организираат транспарентно, преку оглас на кој ќе се изберат одредени компании, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Според Битиќи, може да аплицира секој што ги исполнува условите.
-Не знам каде и зошто некој го прочитал ограничувањето дека не дава Владата. Повиците за онлајн игри на среќа ќе се организираат транспарентно, преку оглас на кој ќе се изберат одредени компании кои ќе ги приредуваат онлај игрите на среќа. Секако, секој што ги исполнува условите е повикан да аплицира. Ако сакаме да правиме нешто на неорганизиран начин, тогаш да продолжиме на неорганизиран начин, ако сакаме се уште да гледаме казина во дворовите на училиштата и до верските објекти, да продолжиме тоа да го правиме, но сметам дека штетата е многу поголема, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата „Македонска економија-довербата расте“. мч/бак/
фото: МИА архива