• недела, 22 декември 2024

Битиќи за минималната плата: Долгогодишната неправда кон работниците почнавме да ја исправаме

Битиќи за минималната плата: Долгогодишната неправда кон работниците почнавме да ја исправаме

Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Од мартовската плата којашто се исплаќа во април нема да има работник со плата под 20.175 денари. Една долгогодишна неправда којашто беше направена кон работниците полека почнуваме да ја исправаме, работникот да добие достоинствена плата за работата што ја извршува, изјави во вечерашното гостување во дневникот на телевизија „Сител“ вицепремиерот и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи.

-Една долгогодишна неправда којашто беше направена кон работниците полека почнуваме да ја исправаме. Денеска за прв пат од поновата историја на државата се случува да на Економско социјалниот совет да не се преговара, туку само се утврди минималната плата. Минатата година социјалните партнери, владата, синдикатот, работодавците, се договоривме за критериумите. Минатата година воспоставивме систем, воспоставивме критериуми и еве го исходот денеска. Од мартовската плата нема да има работник со плата под 20.175 денари, рече Битиќи.

Битиќи истакна дека ова е исчекор со кој влегуваме во ерата во којашто работникот ќе си го добие она што го заслужува, достоинствена плата за работата што ја заслужува.

Тој додаде дека работодавците ќе ја почитуваат оваа одлука којашто и самите ја имаат поддржано.

-Секако дека ќе се почитува. Организацијата на работодавци којашто е претставник на работодавците во Економско социјалниот совет рекоа дека се задоволни од тоа што се случува. На крај на денот дури они се подготвени со зголемување на продуктивноста на работникот да исплаќаат уште повисоки плати. Мислам дека доаѓа во прав момент затоа што навистина целата дискусија којашто се одвива во приватниот сектор, особено заради недостигот на работна сила и зголемувањето на минималната плата, но и на просечните плати, полека доаѓаме до дискусијата дека секогаш е битно продуктивноста и ефикасност на работното место, а не дали има средства за да се платат плати, нагласи вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции.

Во врска со барањето на Синдикатот на Клинички да се потпише договорот за поголеми плати до петок или ќе се активираат протестите, Битиќи рече дека тоа тешко дека ќе се случи.

-Ние инсистираме на општ колективен договор, кој ќе ги опфати сите во јавниот сектор, а понатаму да се дефинираат гранковите колективни договори. Избрзувањето да добиеме, што може да добиеме, не е решение. Ние покажавме дека подобро е да се дискутира, да има дијалог, оти решенијата кои ги наоѓаме се поодржливи. Тоа што го направивме со минималната плата е доволен доказ дека ако се преговара за да се најде одржливо решение, тоа ќе се најде, рече Битиќи. ир/аа/

 

 

Остани поврзан