БИО ГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА БИО ЕНТЕРПРАЈЗ РАБОТИ СО ПОЛН КАПАЦИТЕТ
Био гасната електрана на Централинвест, ,,Био ентерпрајз”, работи со полн капацитет, со својата инсталирана моќност од 2 мегавати. Обезбедува континуирано производство на електрична енергија во текот на 24 часа во денот и е значаен извор на базна енергија во рамките на портфолиото на ФЕРОИНВЕСТ/Централинвест, во кое има различни електрани на обновливи извори: на вода, сонце и биогас. Во електраната е вградена најсовремена опрема со која целиот процес е автоматизиран. Во електраната се вработени 20 лица, дел ангажирани на оперирање со електраната, а дел на поготовка на погонското гориво-силажа и отпад, што подразбира ангажираност во земјоделски и други работи. Овој тип на електрани произведуваат електрична енергија од органски отпад, со тоа ја чистат околината, а како нус производ е топлинска енергија за оранжерии и ѓубриво за земјоделието, што значи дека придобивката од овие капацитети е повеќекратна. Department for Public Affairs, Media Relations, Marketing and Protocol Fero Invest DOO Skopje Boulevard Kliment Ohridski 30 Skopje Republic of North Macedonia E-mail: press@feroinvest.mk Phone: +389 2 5514 000 Mob: +389 75 402 786
Маркетинг
____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.