• петок, 08 ноември 2024

Билборди низ Црна Гора: „До кога веќе да не караат“

Билборди низ Црна Гора: „До кога веќе да не караат“
Подгорица, 27 јули 2020 (МИА) - Низ Црна Гора се појавија билборди на кои се порачува дека нацијата и политиката не смеат да бидат пречка, но и други пораки, како на пример „Јас гласав за ДА, а таа за НЕ“, „Доаѓа второ бебе“ и слично. Еден од најчестите билборди е „До кога веќе да не караат. Браќа сме. Нацијата не смее да биде пречка“, но и „Не сакам веќе да ме караат со Србите и Црногорците. Браќа сме“, пишува весникот „Вијести“. Билбордите се поставени во Подгорица, но и други градови во земјата. Засега не е познато кој е авторот на билбордите, ниту кој ги поставил, но предизвикале големо одобрување меѓу граѓаните. гт/

Остани поврзан