• понеделник, 23 декември 2024

Би-би-си: На Сиријци им се нудат 5.000 фунти месечно за да се борат за Русија

Би-би-си: На Сиријци им се нудат 5.000 фунти месечно за да се борат за Русија
Лондон, 30 март 2022 (МИА) - На сириски борци им се нудат 5.000 фунти месечно, за да се борат на линијата на фронтот од руска страна, во војната против Украина, дознава Би-би-си. Еден сириски борец, кој доброволно се пријавил да се бори, во изјава за британскиот јавен сервис изразил верување дека Русија врши масакр во Украина, но, како што појаснува, „им помага на сиромашните Сиријци, кои не можат да си дозволат храна“. Тој се пријавил доброволно поради парите. Му било кажано дека неговото семејство ќе добие 37.000 фунти доколку тој загине. Медиумот додава и дека, според украинската Влада и водечка сириска невладина организација, во Сирија се поставени 14 центри за регрутирање борци. бд/гт/

Остани поврзан