• четврток, 19 декември 2024

Беретини му се закани на судијата на Вимблдон поради одбивањето да го прекине натпреварот

Беретини му се закани на судијата на Вимблдон поради одбивањето да го прекине натпреварот

Лондон, 6 јули 2023 (МИА) - Италијанскиот тенисер Матео Беретини му се закани на судијата поради неговото одбивање да го прекине мечот од првото коло на Вимблдон против сонародникот Лоренцо Сонего, пренесува „Tennis-Infinity“. Инцидентот се случил вчера.

 

Теренот на кој играа тенисерите беше лизгав поради дожд. Во текот на третиот сет Беретини и Сонего неколку пати паднаа, но судијата не ја прекина играта. По уште еден пад, тенисерот го прашал судијата зошто играта не е прекината и покрај условите. Тој додаде дека тоа може да биде трауматично за играчите.

 

- Ако се повредам, ќе те тужам, договорено? Знам дека сакаш да играме, но ако паѓаме често, тоа е опасно, му рече Беретини на судијата.

 

Мечот беше прекинат во текот на четвртиот сет при резултат 2:1 за Беретини. Продолжението е закажано за денес. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан