• петок, 22 ноември 2024

Бербок утре во Босна и Херцеговина, па ќе ги посети и Косово и Србија

Бербок утре во Босна и Херцеговина, па ќе ги посети и Косово и Србија
Сараево, 9 март 2022 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок утре службено ќе ја посети Босна и Херцеговина. Информацијата ја потврдија за Фена од Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина. Бербок ќе се сретне и со шефицата на дипломатијата на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, како и со членови на Претседателството на БиХ. - Состојбата во Босна и Херцеговина е загрижувачка. Напорите во насока на отцепување, се неприфатливи. Според моето мислење, тоа значи дека сега треба да се промени постоечкиот режим санкции и против господинот Додик, изјави Бербок во средината на декември. Медиуми јавуваат дека по Босна и Херцеговина, Бербок ќе ги посети и Косово и Србија. бд/зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан