• понеделник, 23 декември 2024

Бербок: Талибанското раководство во Авганистан се движи во погрешна насока

Бербок: Талибанското раководство во Авганистан се движи во погрешна насока
Исламабад, 7 јуни 2022 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок ја повика меѓународната заедница да испрати порака до талибанското раководство во Авганистан, дека се движи во погрешна насока. - Нашето влијание на тоа што се случува внатре во Авганистан, е многу ограничено. Зависи од тоа дали талибанците ќе донесат рационални избори за сопствениот економски интерес, а тоа не е она што тие сега го прават, изјави Бербок за време на посетата во Исламабад, предупредувајќи на хуманитарната катастрофа, што се подготвува во земјата. На прес-конференција со пакистанскиот колега Билавал Бут Зардари, таа додаде дека авганистанскиот народ „не е виновен што талибанците ја соборија нивната влада“. Бербок зборуваше и за тоа како Берлин и Исламабад го реструктуираа нивниот систем за носење авганистански бегалци во Германија преку Пакистан. Сето тоа со цел, побрзо да се одвива процесот. Над 14.000 Авганистанци, посебно загрозени, можеле да патуваат во Германија за време на изминатите месеци. бд/сд/

Остани поврзан