• среда, 03 јули 2024

Белоти понуден на Манчестер јунајтед

Белоти понуден на Манчестер јунајтед
Манчестер, 15 април 2020 (МИА) - Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, е предложен на Манчестер јунајтед, пренесува „Калчомеркато“. „Црвените ѓаволи“ бараат нов напаѓач и раководните лица на играчот му понудија трансфер на „Олд Трафорд“. Дваесет и шестгодишниот Белоти има силна сезона со тимот на Торино. Од почетокот на сезоната тој има 15 гола на сите турнири. Во оваа фаза не е јасно дали Манчестер јунајтед е заинтересиран за напаѓачот. Во исто време, сепак, италијанскиот репрезентативец е во плановите и на друг англиски тим - Евертон. Менаџерот Карло Анчелоти е добро запознаен со квалитетите на Белоти и е подготвен да го доведе на „Гудисон парк“.

Остани поврзан