• понеделник, 23 декември 2024

„Белички средби“ викендов во Кичевско

„Белички средби“ викендов во Кичевско

Кичево, 22 јули 2021 (МИА) - Претстојниот викенд, по јубилејниот 10-ти пат во Кичевско ќе се одржат традиционалните „Белички средби“, на кои дводневната програма ќе биде збогатена со изложби, поетски читања, настап на музички оркестри и фолклорни друштва. Ќе  биде осветен и крстот, поставен на локалитетот Цветин Гроб.

Еден од организаторите на овие средби, Раде Момироски рече дека годинешните Балички средби ќе изобилуваат со исклучително богата програма, која се очекува во целост да ги задоволи присутните гости.

Тој посочи дека ќе биде отворена изложба на копаничарски дела на познатиот битолски копаничар Јане Крстески, каде за првпат ќе биде изложена копија од саркофагот на Филип Македонски.

Со изложба на филиграни ќе се претстави Сузана Цветковиќ - Кузманоска, а со бакарни штитови кичевскиот казанџија, мајстор Коста Галиманоски.

-Во сабота во текот на попладнето е официјалното отворање на средбите, по што ќе следи поетско читање на повеќемина литерати, и настап на играорната група „Младост“ која ќе се претстави со сплет на македонски ора. Првата вечер ќе биде заокружена со настапот на Мирослав Мирчески и неговиот оркестар, додаде Момироски.

Како што појасни, на 25 јули,недела, во 15 часот ќе биде извршено осветување на крстот во месноста „Цветин Гроб“. Таму ќе биде прочитана легендата за Цвета, а осветувањето на крстот ќе го изврши свештеник од Кичевското архиерејско намесништво.

-Одбележувањето ќе биде заокружено со настап на „Ориентал бенд“ од Кичево, со солистот Сашо Павловски и ќе биде организиран коктел за присутните, а завршницата ќе биде традиционална, со општонародна веселба, додаде Момироски.

Рсторанот „Кај Веле“ ќе се потруди за добра храна и пијалоци во текот на двата дена. На ова одбележување ќе бидат присутни и голем број печалбари од ова село, кое е познато по многубројната дијаспора.за/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан