• петок, 22 ноември 2024

Белгија прогласи највисок степен на тревога поради Ковид-19

Белгија прогласи највисок степен на тревога поради Ковид-19
Брисел, 16 октомври 2020 (МИА) - Белгиските власти поради огромниот пораст на бројот на заразени и хоспитализирани лица во новиот налет на коронавирусот, вечерва прогласија највисок степен на тревога во земјата. - Бројот на инфекции се зголемува секојдневно и тоа многу брзо. Нашите лекари и болниците се под голем притисок. Водиме нерамноправна борба со овој вирус, порача белгискиот премиер Александер Де Кро. Таканаречената „фаза 4“ подразбира воведување на полициски час во цела држава, се затвораат ноќни клубови и ресторани, дозволен е близок контакт само со едно лице надвор од семејството, а работење од далечина е обврзно таму каде што е можно. Прехранбените продавници ќе останат отворени, но се откажани сите традиционални божиќни прослави и манифестации на улиците. гт/

Остани поврзан