• петок, 22 ноември 2024

Бела куќа: Русија треба да се согласи да воспостави демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје

Бела куќа: Русија треба да се согласи да воспостави демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје

Вашингтон, 25 август 2022 (МИА) - Русија треба да се согласи да воспостави демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е во руски раце од март, и да им дозволи на меѓународните претставници да ја проценат безбедноста на локацијата, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Жан-Пјер, исто така, објави дека за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје претходно денеска американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со шефот на украинската држава Володимир Зеленски. Бајден разговараше со Зеленски и по повод Денот на независноста на Украина, кој беше прославен вчера. Американскиот претседател ја потврдил поддршката на Вашингтон за Украина против руската агресија. „Знам дека ова е годишнина и на тага и на радост, но јасно кажав дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и нејзиниот народ додека се борат да го заштитат својот суверенитет“, напиша Бајден на Твитер. паг/  

Остани поврзан