• понеделник, 25 ноември 2024

Белата куќа апелираше до Северна Кореја да не и продава оружје на Русија

Белата куќа апелираше до Северна Кореја да не и продава оружје на Русија

Вашингтон, 11 септември 2023 (МИА) - Белата куќа денеска ја повика Северна Кореја да не и продава оружје на Русија што Москва ќе го користи во војната против Украина.

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун моментално е на пат за Русија, каде што треба да престојува во официјална посета на таа земја, на покана на неговиот руски колега Владимир Путин.

„Како што јавно предупредивме, се очекува разговорите за оружје меѓу Русија и Северна Кореја да продолжат за време на посетата на Ким Џонг Ун на Русија. Ја повикуваме Северна Кореја да се придржува до обврските што ги презеде Пјонгјанг дека нема да испорачува или продава оружје на Русија“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан