• понеделник, 25 ноември 2024

Бектеши: Ќе реагираме ако има злоупотреби со цените до стартот на законот за забрана на нефер трговски практики 

Бектеши: Ќе реагираме ако има злоупотреби со цените до стартот на законот за забрана на нефер трговски практики 

Скопје, 5 март 2024 (МИА) – Министерството за економија ќе носи одлуки кои, според ресорниот министер Крешник Бектеши, нема да бидат во прилог на одредени групи кои би направиле злоупотреби и енормно зголемување на цените во периодот додека да биде објавена конечната листа со производите што ќе бидат опфатени со законот за забрана на нефер трговски практики и додека не се променат договорите на снабдувачите со трговците.

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека смета оди оваа сезона во земјава ќе има странски турсти, посочувајќи дека при почетокот на мај ќе се започне со промоција на нашата

Бектеши вечерва во гостување на ТВ Сител рече дека од над 2500 производи кои ќе бидат опфатени со законот, 70 до 80 проценти се земјоделски и прехранбени производи што се на пазарот во државава.

-Над 2500 производи се прилагодени на новото законско решение, кое денеска е усвоено на Комисија и најверојатно на наредната пленарна седница на Собранието согласно моите информации на 11. или 13. месецов ќе биде усвоено. Утредента откако ќе биде објавено во Службен весник веднаш ќе отвориме јавна расправа со стопанските комори и со Организацијата на потрошувачи, а преку медиумите ќе ја објавиме целосната листа на производи кои предлагаме да бидат во склоп на ова законско решение каде е предвидено да нема повеќе од 10 проценти маржа во ланецот на снабдување на земјоделските и прехранбените производи, рече Бектеши, најавувајќи дека листата ќе се прошири ако има барања.

Убеден е дека законот ќе биде изгласан и од опозицијата имајќи предвид, како што рече, дека е во интерес и на потрошувачите и на домашните производители кои на некаков начин се уценуваат од страна на одредени ланци супер маркети. 

Според Бектеши, и покрај шестемесечниот период за примена ќе нема големо зголемување на цените особено на производите за кои до крајот на минатиот месец имаше гарантирани цени.

- Сум разговарал со сите домашни производители и трговци и на големо и мало. Ако се злоупотребува овој период додека се утврди целосната листа и биде објавена, и додека се менуваат договорите што ги имаат снабдувачите со трговците заради тоа што треба да им се даде период да репреговараат одредени работи кои ги имаат предвидено нивните договори за снабдување, тие знаат дека во Министерството за економија подготвени сме во текот на денот да носиме одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би можеле да направат такви злоупотреби, рече Бектеши. 

Злоупотребите, појасни министерот, ќе ги утврдува Државниот пазарен инспекторат  кој професионално ја врши работата и на дневно ниво ги следи состојбите.

-Ако се утврди дека има енормно зголемување или злоупотреба додека се утврди листата Министерството за економија во текот на денот ќе донесе одредени решенија кои нема да им бидат во прилог на тие што се обиделе да го злоупотребат овој временски период, порача Бектеши.

Предлог законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, по скратена постапка, денеска доби поддршка во собраниската Комисија за европски прашања. Утре е на дневен ред на седницата на собраниската Законодавно-правна комисија. лв/цр

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан