• петок, 22 ноември 2024

Бектеши: Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари

Бектеши:  Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари

Скопје, 25 февруари 2023 (МИА) - Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави на денешната прес-конференција Министерот за економија Крешник Бектеши.

Мерката, според Бектеши, ќе важи се додека ќе биде во интерес за граѓаните.

Цените, како што појасни Бектеши, нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената.

За овошје и зеленчук, Бектеши рече дека, чекаат предлог од МЗШВ, додека за другите производи речиси неделно ќе се прават поединечно анализи за сите производи и ако гледаат дека тоа се злоупотребува тогаш ќе донесат соодветни одлуки. мс/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан