• среда, 02 октомври 2024

Бекам подготви понуда за Луис Суарез

Бекам подготви понуда за Луис Суарез
Мајами, 29 јули 2020 (МИА) - Интер Мајами се обидува да го привлече напаѓачот на Барселона, Луис Суарез. Договорот на Уругваецот со Каталонците истекува во јули 2021 година и американскиот клуб, кој беше основан од Дејвид Бекам, подготви понуда која вклучува договор за 4 години и добри финансиски услови. Самиот Суарез се надева дека ќе ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“. Неговиот договор автоматски ќе биде продолжен ако игра во 60% од натпреварите на тимот следната сезона. Во тековната кампања, 33-годишниот напаѓач постигна 19 голови и оствари 12 асистенции на 34 натпревари во сите натпреварувања. И покрај напорите на Дејвид Бекам и Интер Мајами, досега клубот не успеа да привлече големо име од Европа. Тимот го започна своето учество во првенството на САД на најлош можен начин. Тимот сè уште ја чека својата прва победа. По продолжувањето на сезоната, Интер забележа три порази и не успеа да ја мине групната фаза на турнирот, што ја замени регуларната сезона откако пандемијата на коронавирус предизвика сериозни промени во програмата.

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан