Без победник на дуелот ТНС - Шкендија во првото коло од квалификациите на ЛШ
- Првиот натпревар од првото квалификациското од Лигата на шампионите меѓу првакот на Велс ТНС и македонскиот шампион Шкендија Тетово одигран вечерва заврши без победник 0:0
Освестри, 8.јули 2025 (МИА) - Првиот натпревар од првото квалификациското од Лигата на шампионите меѓу првакот на Велс ТНС и македонскиот шампион Шкендија Тетово одигран вечерва заврши без победник 0:0. Нерешениот резултат значи дека „патникот“ во следната рунда ќе се решава на реваншот во Скопје.
Натпреварот беше изедначен, а очекувано беше и домаќинот ТНС да има повеќе шанси, но сепак мрежите останаа незатресени. Голманот на Шкендија Бабукар Гаје имаше неколку успешни интервенции. Екипата на Шкендија успеа да ја оствари целта и непоразена се враќа од гостувањето од Велс.
Реванш натпреварот се игра на 15.јули на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток во 20 часот. мн/
Фото: Архива МИА