• петок, 26 јули 2024

Без вода утре неколку улици во Старата скопска чаршија

Без вода утре неколку улици во Старата скопска чаршија
Скопје, 6 јуни 2022 (МИА) - Прекин на водоснабдувањето утре од 09:00 часот ќе имаат неколку улици во Старата скопска чаршија. -Поради дефект на затворач ф-80мм на улица „Архиепископ Ангелариј“ 12, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Архиепископ Ангелариј“, „Покриена Чаршија“, „Лазар Танев“ и улица „Јорганџиска“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на работните активности. ки/лв/

Остани поврзан