• петок, 28 јуни 2024

Без вода утре делови од Аеродром и Центар

Без вода утре делови од Аеродром и Центар
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) - Без вода утре ќе бидат корисниците од дел од општините Аеродром и Центар. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде со намален притисок на дел од булеварите „Србија“, „АСНОМ“ и „Јане Сандански“, и тоа поради уличен дефект на затворач ф-300 мм на булеварот „Србија“, во близина на мостот Близнаци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот. Исто така, поради уличен дефект ф-80 мм на „Киро Крстевски Платник“/ „Рајко Жинзифов“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Киро Крстевски Платник“, „Рајко Жинзифов“ и „Шумадиска“. Поради менување на ПП Хидрант на Даме Груев 7 (ДМ маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на Даме Груев блок 4 и 5 и Димитрие Чуповски кула 19, 21 и 23. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.бт/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан