• вторник, 14 мај 2024

Без вода дел од Општина Аеродром

Без вода дел од Општина Аеродром

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 09:25 часот, без вода ќе биде дел од улицата „Илија Димовски- Гоче“, „Ван Гог“, „Врполе“, „Михаил Глинка“, дел од „Мите Богоевски“ и дел од булевар „Србија“, во Општина Аеродром.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради  дефект во шахта на ул. „Илија Димовски- Гоче“ 5а.

Корисниците ќе бидат без вода до завршување со санација на дефектот. ир/са

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан