• понеделник, 23 декември 2024

Бајрами најави зајакната активности на Беса со сите расположливи демократски и политички форми на дејствување

Бајрами најави зајакната активности на Беса со сите расположливи демократски и политички форми на дејствување
Скопје, 4 март 2022 (МИА) - Пратеникот на движењето Беса, Бастри Бајрами, во врска со вчерашното разрешување на Фадил Зендели од собраниската Комисија за избори и именувања денеска изјави дека нема да дозволат, како што рече, преседаните на актуелното мнозинство СДСМ-ДУИ да поминат во молк и од утре најави зајакната активности на Беса со сите расположливи демократски и политички форми на дејствување. -Сведоци сме дека последните три дена во Собранието се водеше расправа во која аргументите и процедурите беа надгласани од мнозинството на Парламентот и покрај тоа што ние како пратеници на движењето Беса бевме многу конструктивни и отворени за дијалог. Се чини дека актуелното мнозинство го сфати тоа како слабост и по секоја цена го разреши пратеникот Фадил Зендели од Комисијата за избори и именување, рече Бајрами денеска на прес-конференција во Собранието. Тој истакна дека сите проекти, кои не се во интерес на граѓаните, туку се тесен интерес помеѓу владејачката коалиција, ќе добијат вистински одговор преку собраниските инструменти. -Ние обезбедивме дијалог додека мнозинството СДСМ-ДУИ нудат деструктивност и сила, затоа од утре ќе се соочат со максимална посветеност на движењето Беса, со сите демократски правни форми кои ни ги овозможува регулативата на Собранието и политичкото делување, истакна Бајрами. Тој додаде дека денеска се поставува прашањето што подготвува актуелната власта,  која, како што посочи, „по секоја цена бара да има мнозинство во Комисијата и дали се обидува да ги партизира јавните институции со именувања во Собранието“. -Кои се партиските предлози за Уставниот суд, што сакаат да ги протнат на мала врата до Комисијата за избори и именувања, праша Бајрами. сх/ац/

Остани поврзан