• понеделник, 23 декември 2024

Бајрами: ДУИ за партиски, семејни и кланови интереси го уништува образованието

Бајрами: ДУИ за партиски, семејни и кланови интереси го уништува образованието
Скопје, 13 јули 2022 Синоќа целaта локална и регионалнa јавност преку емисијата „СТОП“ во Албанија виде како ДУИ за партиски, семејни и кланови интереси го уништува образованието на албански јазик и целиот систем. Во Основното училиште „26 Јули“ во Шуто Оризаре, на незаконски начин Министерот за образование Јетон Шаќири го именува Дритон Ганиу, братот на Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, за директор во вториот мандат, иако тој не го поседува потребното уверение за директор. Потоа, истиот тој ја злоупотребува партиската поддршка за да направи многу други прекршувања и неправилности. Во овој случај сакаме да истакнеме неколку кривични дела направени од самиот директор и од министерот за образование и наука. Како прво, Министерот Јетон Шаќири се вмешува во локалната власт и ги презема ингеренциите од Општината без правна основа. Министерот без право се инволвира во училиштето и назначува директор кој не ги исполнува условите, а го разрешува директорот назначен од Општината. Ова е брутално инволвирање и мешање на извршната власт во образованието и локалната власт. Директорот на училиштето должностите и задачите ги врши  спротивно од законот. За да ова не биде доволно, тој троши 90.000 евра на име на реновирањето и за истото нема поднесено никаква фактура. Во видеото видовме и сцени од рацијата во училиштето. Поточно, откако бил отпуштен од општината, Директорот Ганиу и неговите луѓе ноќта влегле во училишната зграда и од училиштето „26 Јули“ одзеле документи и други вредни предмети. Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи, Инспекторатот за образование, Финансиската полиција, Државната ревизија и Јавното обвинителство итно да извршат увид во сите случувања во овој случај и инволвираните лица да сносат кривична одговорност за секое прекршување. По овој скандал, Министерот Јетон Шаќири веќе ниту еден ден не смее да остане на чело на Министерството за образование и наука, туку треба да одговара пред органите на правдата за злоупотреба на службената положба и сторените кривични дела. Бараме прошверцуваниот директор да биде отстранет од училиштето и на негово место да се врати директорот поставен од Општина Шуто Оризаре. Прес-конференција на Наим Бајрами, член на претседателство на Алијанса за Албанците ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан