• понеделник, 23 декември 2024

Бајден: Семејствата на децата одвоени од родителите треба да добијат отштета

Бајден: Семејствата на децата одвоени од родителите треба да добијат отштета
Вашингтон, 6 ноември 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека семејствата на децата одвоени од нивните родители на американско-мексиканската граница за време на администрацијата на поранешниот шеф на државата Доналд Трамп треба да бидат обесштетени. Бајден истакна дека, без оглед на околностите, на луѓето чии деца им биле одземени согласно политиката на администрацијата на Трамп за одвојување на семејствата, која имала за цел да ги спречи семејствата од илегално преселување во САД, треба да им се даде отштета. Набргу по преземањето на функцијата, Бајден формира работна група во обид повторно да ги обедини стотици деца и родители погодени од оваа политика, која беше во сила неколку месеци во текот на 2018 година и предизвика домашен и меѓународен гнев. Владата размислуваше да плати околу 450.000 долари на секое засегнато лице, но оттогаш ја промени бројката, иако не драматично, изјави анонимен извор, запознат со разговорите кои се воделе. Разговорите продолжуваат и нема гаранции дека двете страни ќе постигнат договор. Околу 5.500 деца се одвоени од своите родители согласно политиката за „нулта толеранција“ на поранешниот претседател Доналд Трамп, според која родителите се одвојувани од своите деца за да бидат кривично гонети за нелегално преминување на границата. гт/

Остани поврзан