• недела, 22 декември 2024

Бајден: Не очекувам во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот во Газа

Бајден: Не очекувам во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 13 јуни 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека не очекува да се постигне договор за прекин на огнот во Газа во блиска иднина, „бидејќи предлогот поддржан од САД и меѓународната заедница не е целосно прифатен или од Израел и од Хамас“.

Бајден изјави дека меѓународните лидери на самитот на Г7 во Италија разговарале за прекин на огнот, но на новинарско прашање дали наскоро ќе биде постигнат договор за примирје, Бајден едноставно одговори - „Не“, пренесе Бета.

Претходно денеска, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ги негираше тврдењата дека Израел не е целосно посветен на предлогот за прекин на огнот со Хамас.

-Израел го прифати овој предлог. Израел не го спротивстави ниту го повлече, рече Саливан. Хамас одговори на планот нудејќи свои амандмани.

Хамас вели дека бараните промени имаат за цел да гарантираат траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските трупи од Газа. Предлогот за прекин на огнот објавен од Бајден ги вклучува тие одредби, но Хамас изрази претпазливост околу тоа дали Израел воопшто ќе ги спроведе условите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан