• вторник, 24 декември 2024

Бајден најави можна средба со Си Џинпинг во ноември во Сан Франциско

Бајден најави можна средба со Си Џинпинг во ноември во Сан Франциско

Вашингтон, 6 октомври 2023 (МИА) – Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека постои „можност“ за средба со неговиот кинески колега Си Џинпинг за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) закажан за средината на ноември во Сан Франциско.

- Таков состанок не е договорен, но постои можност, рече Бајден на прес-конференција во Белата куќа, додека американските медиуми објавија дека двајцата лидери планираат да се сретнат за да ги намалат билатералните тензии.

Пекинг и Вашингтон го обновија дијалогот во последниве месеци со серија посети на високи американски претставници на Пекинг, вклучително и министерот за надворешни работи Ентони Блинкен.

Но, билатералните односи остануваат затегнати, а трговските спорови, кинеската експанзија во Јужното Кинеско Море и прашањето за островот Тајван остануваат пречки.

Бајден во август посочи дека планира да се сретне со кинескиот претседател за време на самитот на АПЕК. Пекинг се уште не го потврдил учеството на Си на самитот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан