• петок, 22 ноември 2024

Бајден: Дејтонскиот договор донесе мир, но работата не е целосно завршена

Бајден: Дејтонскиот договор донесе мир, но работата не е целосно завршена
Вашингтон, 14 декември 2020 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден порача дека Дејтонскиот договор донесе мир во БиХ, го реафирмира нејзиниот суверенитет, територијален интегритет и независност, но и дека 25 години подоцна не е целосно завршена работата, како што наведува, по прашањето за правда, помирување, како и движењата на функционално мултиетничка БиХ. - Видовме како национализмот го победува државниот интерес со богатење на неколкумина, а не со спроведување на реформи во корист на мнозинството, истакна Бајден, порачувајќи дека „годишнината е можност за сите страни да размислат за подобра иднина и повторно да се обврзат на тешки, но и нужни чекори за изградба на целосно функционална БиХ за сите нејзини граѓани“. Тој нагласи дека како претседател очекува „соработка со меѓународната заедница и граѓаните на БиХ, со цел конечно да се постигне ветувањето од Дејтонскиот договор, како што е просперитетна, но и демократска БиХ во срцето на Европа - целосна, слободна и мирна“. - На овој ден ги одбележување напорите на миротворците, иако истовремено жалиме за изгубените 100.000 животи и над еден милион раселени лица, додаде Бајден по повод 25-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот договор, кој, според него, означи крај на еден од најлошите конфликти на европскиот континент по Втората светска војна. гт/

Остани поврзан