• понеделник, 23 декември 2024

Бајден во Токио се сретна со јапонскиот цар и премиерот Кишида

Бајден во Токио се сретна со јапонскиот цар и премиерот Кишида
Токио, 23 мај 2022 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден имаше средба со јапонскиот цар Нарухито во кралската палата во Токио, за време на своето патување во Азија. Станува збор за прв состанок, откако двајцата се сретнаа во декември 2013 година. Тогаш Нарухито беше престолонаследник, а Бајден потпретседател на САД, информираше Кралската прес агенција. Ова е вторпат, актуелниот јапонски цар, кој го презеде тронот на 1 мај 2019 година, да биде домаќин на американски претседател за време на државна посета. Претходно, тоа беше Доналд Трамп. Американскиот претседал потоа се сретна и со неговиот „добар пријател“, премиерот Фумио Кишида, кого го уверуваше дека САД се целосно посветени на одбраната на Јапонија, за време на засилени тензии со Кина и последици од рускиот напад на Украина, пишуваат медиуми. Една од темите беше и Северна Кореја. Бајден денеска ќе се сретне и со семејства на Јапонци, кои пред неколку години беа киднапирани за да обучуваат шпиони во Северна Кореја Главната тема на дводневната посета на Бајден на земјата, каде ќе се сретне и со лидерите на Јапонија, Индија, Австралија, ќе биде започнување Инфо-пацифичката економска рамка, широк план што го поддржува економскиот столб на САД во Азија. - Американско-јапонската алијанса долго беше основа за мир и напредок во Индо-пацификот, а САД се длабоко посветени на јапонската одбрана, изјави Бајден на почетокот на разговорот во палатата Акаска во централно Токио. бд/сд/

Остани поврзан