БАТ ги открива амбициозните нови еколошки цели во извештајот за ЕОЦ 2020
- Бритиш Американ Тобако (БАТ) објави дека е решен да постигне јаглеродна неутралност во целиот свој синџир на вредности до 2050 г. Ваквата амбиција е нагласена во Извештајот на БАТ посветен на
Број на објава:650/03/21
Датум: 11.03.2021
Клучни зборови:БАТ
Во 2020 г., БАТ ја објави својата амбиција да постигне јаглеродна неутралност во поглед на емисиите кои се резултат од неговите деловни активности (Обем 1 и 2) до 2030 г. Оваа нова обврска, исто така, има за цел да ги намали емисиите во целиот синџир на вредности (Обем 3) на БАТ. Тоа претставува надградба на тековните напори на БАТ да се инволвира со снабдувачите околу прашањата поврзани со климатските промени и да ги поддржи земјоделците со кои има договор во усвојувањето помалку јаглеродно-интензивни техники на одгледување.
Откако ја постигна својата цел на рециклирање вода и пред зацртаниот рок, БАТ најави и дека ќе го крене стандардот уште повеќе, за количината на вода што се рециклира да се зголеми на 30% до 2025 г. До 2025., БАТ има за цел и 100% од сите производни локации да бидат сертифицирани од Алијансата за управување со води (AWS). Ваквата угледна и независна ревизија во текот на сертификацијата ќе помогне да се потврди исправноста на управувањето со води од страна на БАТ.
БАТ работи на својата одржливост повеќе од 20 години. Во март 2020., БАТ најави дека ќе воведе нови цели за ЕОЦ, како дел од својата еволуирана стратегија да постигне Подобро утре™ (A Better Tomorrow). Последниот Извештај за ЕОЦ покажува дека БАТ има постигнато значителен напредок оттогаш, вклучително:
- Зголемување на потрошувачите на несогорливи производи за 3 милиони на вкупно 13,5 милиони на крајот од 2020 г.
- Зголемување на приходите од Нови категории (heated tobacco, vapor, oral tobacco) за 15% во 2020 г. наспроти 2019 г.
- Зголемување на обновливата електрична енергија на 26% - пораст од 10% во однос на минатата година, како и намалување на целокупните емисии на јаглерод за 30% од 2019 година досега
- Намалување на количините исцрпени води за речиси 11% од 2019 година досега
- Одржување на над 38.000 обуки за човековите права, со учество на повеќе од 390.000 слушатели од целиот синџир на вредности на БАТ, и
- Постигнување 38-процентна застапеност на жените на управувачки позиции.