Баскет Кам прв полуфиналист на женскиот кошаркарски куп
- Екипата на Баскет кам е првиот полуфиналист на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако синоќа убедливо го совладаа Спорт Тим од Неготино со 89:47
Скопје, 27.декември 2025 (МИА) – Екипата на Баскет кам е првиот полуфиналист на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако синоќа убедливо го совладаа Спорт Тим од Неготино со 89:47.
Актуелниот првак победата ја најави веќе на стартот на дуелот откако ја доби првата четвртина со 28:9, а на полувреме беше 54:21. Тренерот Тони Симиќ во вториот дел им даде поголема минутажа на кошаркарките од „втората петорка“.
Другите три натпревари ќе се одиграат денеска: Крива Паланка – Патриот 2016, Бадел 1862 – Пробаскет и бранителот на трофејот во Купот Вардар игра против МЗТ Бела Вода. Мн/
Фото: МКФ