• недела, 22 декември 2024

Бартомеу се соочува со гласање за недоверба

Бартомеу се соочува со гласање за недоверба
Барселона, 28 септември 2020 (МИА) - Раководството на Барселона формираше комисија за да ја испита можноста за гласање недоверба на сегашниот одбор на клубот и неговиот претседател Пеп Марија Бартомеу. Претходно овој месец, група членови, поддржани од кандидати за претседателските избори следната година, собраа повеќе од 20.000 потписи за гласање. - Според статутот на клубот, формиран е комитет за гласање недоверба, формиран од двајца членови на УО, првите двајца членови кои ја потпишаа петицијата и делегат од Каталонската фудбалска федерација. Комисијата ќе се состане во вторник, 29 септември. За максимум 10 дена, ќе се провери дали предлогот ги исполнува условите за гласање, се вели во соопштението на клубот Доколку комитетот не најде нешто лошо, Советот ќе треба да донесе одлука и гласањето за недоверба ќе се одржи помеѓу 10 и 20 дена по објавувањето на регуларноста. Доколку условите за гласање не се исполнети, предлогот ќе биде одбиен. Така, сосема е можно Бартомеу да стане третиот претседател на кој ќе му биде изгласана недоверба по Пеп Луис Нунез во 1998 година и Жоан Лапорта во 2008 година. И во двата случаи, гласањето беше неуспешно.

Тагови

Остани поврзан