• понеделник, 23 декември 2024

Бартомеу: Сетиен ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите следната сезона

Бартомеу: Сетиен ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите следната сезона
Барселона, 13 јули 2020 (МИА) - Тренерот Кике Сетиен ќе биде на клупата на Барселона и следната сезона, изјави првиот човек на каталонскиот клуб, Пеп Марија Бартомеу. - Сетиен ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите. Неговата намера е да остане тренер и следната сезона, а наша обврска е да се држиме до потпишаниот договор, изјави Бартомеу за шпанските медиуми. Сетиен го замени Ернесто Валверде на клупата на Барселона во јануари, но игрите и резултатите на тимот не ги исполнија очекувањата на навивачите. Барселона моментно е на втората позиција на табелата со еден бод помалку од најголемиот ривал, Реал Мадрид, кој има натпревар помалку, додека Каталонците во Лигата на шампионите очекуваат реванш од осминафиналето против Наполи.

Тагови

Остани поврзан