• понеделник, 23 декември 2024

Барса сака 10 милиони евра за Ракитиќ

Барса сака 10 милиони евра за Ракитиќ
Барселона, 2 август 2020 (МИА) - Раководството на Барселона се согласи да го продаде играчот од средниот ред Иван Ракитиќ на Севиља, пренесува „Мундо Депортиво“. Според изворот, каталонскиот клуб сака да добие 10 милиони евра за 32-годишниот Хрват. Самиот фудбалер сака да ја заврши кариерата во тимот од Андалузија, каде играше од 2011 до 2014 година. Во сезоната 2019/20, Ракитиќ забележа 41 натпревар за Барселона, постигнувајќи 1 гол и оствари 4 асистенции. Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 20 милиони евра.

Тагови

Остани поврзан