• вторник, 24 декември 2024

„Балканска приказна“ доби награда за „Најдобра ТВ серија“ од Федерацијата на балканските здруженија Румели

„Балканска приказна“ доби награда за „Најдобра ТВ серија“ од Федерацијата на балканските здруженија Румели
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Телевизиската серија „Балканска приказна“ што се снима во Скопје а веќе неколку месеци се прикажува на Турската национална телевизија, доби награда за „Најдобра ТВ серија“ од Федерацијата на балкански здруженија Румели во Истанбул. Наградата ја подигнаа главните актери Ердал Озјаџилар, Мерих Озтурк и Селвије Хуријет. -Наградата ја добиваме во име на целиот тим на Балканската приказна. Ви благодариме многу што токму оваа награда ја доделувате на нашата серија, која се снима на Балканот и каде што ја покажуваме таа шарена и убава култура, директно од Скопје, изјави Мерих Озтурк, Ердал Озијагчилар посочи дека оваа серија ја снимаат во мултикултурно место каде што заедно живеат Македонци, Турци, Бошњаци, Срби, Албанци и каде што се среќаваат многу култури од различно етничко потекло. -Ние на Балканот покрај тоа што снимаме ТВ серија, вршиме и уште една многу важна задача, ние сме културни амбасадори. Велат „Реката Вардар го дели градот на два дела“, но напротив, не го дели на два, туку го обединува, порача Озјаџилар. Како што соопштија од тимот на ТВ серијата, во центарот на вниманието беше и феноменот на социјалните мрежи Селвије Хуријет, уметничка од Румелија, со потекло од Тетово, која стана дел од актерскиот тим на „Балканска приказна“ и доби големо признание со својот лик „Тетка Ѓулдание“. Серијата „Балканска приказна“ е составена од актерски и продуцентски тим во којшто голем дел од нив се со потекло од Балканот, како и актери од Скопје меѓу кои се Сузан Акбелге, Ерман Шабан, Џенап Самет, Емине Халил, Бурак Рахман и Бену Шахин.бт/са/ https://www.youtube.com/watch?v=Da5HJhMOmoE

Остани поврзан