• сабота, 09 ноември 2024

Бадникови поворки: Најмасовната и најдостоинствена Бадникова прослава на Балканот и пошироко

Бадникови поворки: Најмасовната и најдостоинствена Бадникова прослава на Балканот и пошироко
Скопје, 6 јануари 2020 (МИА) - Над 15 илјади учесници имаше денеска во Бадниковите поворки, кои се одржаа во 40 градови и населени места низ земјава по повод Бадник, велат организаторите. -На крајот од денешниот празничен ден кога го сумираме бројот на учесници во Бадниковите поворки низ сите 40 градови и населени места низ Македонија, каде од устите на децата радосно се пееше "Вечниот Бог", со голема восхит можеме да констатираме дека сите очекувања се надминати. Бројот на деца-учесници денеска надмина над 15 илјади со што Македонија и дефинитивно може да се пофали дека ја има најубавата и најмасовна прослава на Бадник не само на Балканот туку и пошироко, велат од здружението Бадниковите поворки. -Устите на најмладите весело низ сите градови ја пееја традиционалната божиќна песна „Вечниот Бог“, најавувајќи го на тој начин, највесело Христовото раѓање, додаваат од Бадникови поворки. Пред Соборниот храм денеска пристигна и детска бадникова поворка предводена од македонските музички ѕвезди. Освен во Скопје и во 39 градови во државава денеска се организираа детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот празник Рождеството Христово – Божик. ац/

Остани поврзан