• сабота, 21 декември 2024

А1 Македонија отвори виртуелна продавница

А1 Македонија отвори виртуелна продавница
Скопје, 4 мај 2020 (МИА) - Телекомуникациската компанија А1 Македонија денеска ја отвори својата виртуелна продавница, преку која граѓаните ќе можат да ги разгледаат нејзините производи и да  купуваат преку интернет, наместо во продажен салон. Виртуелната продавница им овозможува на корисниците да разговараат со продажен агент во живо и одблизу да го погледнат посакуваниот уред, да добијат одговори на прашањата и да купуваат преку интернет. - Корисниците на A1 „Лајв шоп“ и онлајн каналот ќе добијат и промотивен бенефит од три месеци без претплата за услугата, како и намалени цени за одредени модели на телефони, достапни со специјален попуст. Понудата е промотивна и важи во ограничен временски период, информираат од компанијата. ир/скс/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан