• петок, 22 ноември 2024

Ахмети на средба со министрите од Вајмарската тројка

Ахмети на средба со министрите од Вајмарската тројка

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) - Министрите од Вајмарската тројка вечерва имаа средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која, како што соопштуваат од неговата партија, во фокусот биле клучните околности во кои се наоѓа Северна Македонија за да се забрза нејзиниот чекор кон европската интеграција, како што се важноста од усвојувањето на уставните измени, надминувањето на спорот со Бугарија по примерот на француско-германското помирување, посветеноста во спроведувањето на внатрешните реформи. Процеси кои, според ДУИ, бараат компактно дејствување од сите општествени чинители.

Ахмети на министерка за Европа во Сојузна Република Германија Ана Лирман, на државната секретарка за Европа во Советот на министри на Република Франција Ана Бун и министерот за европски прашања на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк им ја елаборирал иницијативата што ја презема неговиот субјект за создавање европски фронт, постојаното инсистирање за рефлектирање од сите партии за надминување на овој ќорсокак, верувајќи дека дури и во редовите на опозициската ВМРО - ДПМНЕ има европски сили кои мислат за доброто на државата и не ја сакаат нејзината изолација.

Тој, како што се наведува во соопштението, нагласил и дека ДУИ останува постојан чувар на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство, кои се склучени со поддршка на меѓународниот фактор и се сржта на мирот, напредокот и европската перспектива на земјата.
 
Претставниците на земјите членки на ЕУ на денешната средба ја изразија својата длабока поддршка за преземање на соодветните чекори кои ќе ја доведат земјата и регионот таму каде што припаѓаат, во Европската Унија, се посочува во соопштението. ев/дма/

ФОТО: ДУИ 

Остани поврзан