Атлетико Мадрид го „донесе“ Распадори
- Досегашниот фудбалер на Наполи и италијански репрезентативец Џакомо Распадори потпиша петгодишен договор со Атлетико Мадрид
Мадрид, 11.август 2025 (МИА) - Досегашниот фудбалер на Наполи и италијански репрезентативец Џакомо Распадори потпиша петгодишен договор со Атлетико Мадрид, објави мадридскиот клуб.
Според италијанските медиуми шпанскиот клуб ќе плати обештетување од 26 милиони евра плус бонуси.
25- годишниот Распадори дресот на Наполи го носеше од 2022 година, а претходно настапуваше за Сасуоло. Со екипата на Наполи освои и две шампионски титули, а со репрезентацијата на Италија беше европски првак 2021 година. мн/
Фото: ЕПА