• петок, 22 ноември 2024

Атаман по заминувањето од Ефес: Можеби еден ден повторно ќе се сретнеме

Атаман по заминувањето од Ефес: Можеби еден ден повторно ќе се сретнеме

Истанбул, 18 јуни 2023 (МИА) - Тренерот на Анадолу Ефес емотивно се прости од тимот по освоениот шампионски трофеј во турското првенство.

 

Турскиот кошаркарски стручњак во новата сезона ќе го води Панатинаикос.

 

- Не ми е лесно. После сите овие години, минатата сезона во Анадолу Ефес не работев како професионалец, туку како вљубеник во тимот. Беа потребни промени. За ова донесовме одлука заедно со претседателот на клубот. Мислам дека тоа ќе биде од корист за двете страни. Се разделуваме, но можеби еден ден повторно ќе се сретнеме. Во Турција имаме мисија со репрезентација. Тоа ќе биде олимписки квалификациски турнир. Тука сум, сите сме заедно. Им благодарам на сите наши фанови кои ме поддржуваат и не поддржуваат, рече Атаман.

Анадолу Ефес вчера по трет пат ја победи Каршијака во финалната серија и со максимални 3:0 ја освои титулата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан