• вторник, 17 септември 2024

Атал: Одделот за антитероризам на француското обвинителство ја презеде истрагата за пожарот пред синагогата во Ла Гранде Моте

Атал: Одделот за антитероризам на француското обвинителство ја презеде истрагата за пожарот пред синагогата во Ла Гранде Моте

Париз, 24 август 2024 (МИА) - Одделот за антитероризам на француското обвинителство ја презеде истрагата за пожарот и експлозијата пред синагогата во Ла Гранде Моте на југот од земјата утринава, изјави францускиот премиер Габриел Атал.

„Нападот утрово беше насочен против синагогата во Ла Гранд Моте. Ова е антисемитски чин. Повторно мета станаа нашите сограѓани од еврејско потекло. Информиран сум дека антитерористичката единица на Националното обвинителство ја презела истрагата. Безбедносните сили моментално трагаат по осомничениот“, напиша Атал на социјалната мрежа „Икс“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан