• понеделник, 23 декември 2024

Асфалтирани патеки на булеварот „Видое Смилевски Бато“

Асфалтирани патеки на булеварот „Видое Смилевски Бато“
Скопје, 18 март 2022 (МИА) - Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје денеска ги завршува работните активности со асфалтирање на велосипедската и пешачка патека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Општина Аеродром, информира Град Скопје. Вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациски шахти, на вкупна должина од 800 квадртни метри, а од Град Скопје соопштија дека во текот на наредните денови ќе бидат обележана хоризонталната сигнализација на патеките и поставена вертикалната сигнализација. - Во средината ќе се уредува зелената површина, во надлежност на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. Исто така, во текот на наредниот период на овој потег ќе бидат извршени поврзувања со постоечките патеки, се вели во соопштението. ки/

Остани поврзан